Иновативниот проект „Рана интервенција и превенција на деца во ризик“ што го реализираме со помош на Општина Куманово, почна во април годинава и ќе трае до 31 декември и од големо значење за заедницата. Особено, за оние на кои им е најпотребно.
Имено, порастот на децата со развојни потешкотии е драстично зголемен и многу семејства се соочуваат со овој голем проблем. Затоа да превенираме колку што можеме.
Рана интервенција и превенција на деца во ризик е за општото општествено добро.
Нашиот предлог- проект, е насочен кон формирање на нова социјална услуга во заедницата, што подразбира со Законот да се превенира, намали, подобри и оддржи континуитет во работата со децата и семејствата, кај кои раната интервенција е неопходна.
Согласно меѓународните истражувања од областа и нашето искуство од постоењето на „Детска светлина 2020″- Здружение за едукација, советување и стимулација на лица со посебни потреби, покажува дека навремен рехабилитациски третман помага во надминување или ублажување на развојните проблеми кај децата.
Децата кои се вклучени во раната интервенција, се деца кои, овде кај нас, немаат право на користење на социјални услуги како индивидуален третман во заедница во центри за социјална заштита.
МКФ поради недостаток на документација на децата, односно немање соодветна дијагноза, не ги вклучуваат во користење на социјалните услуги во заедница. Тоа е поради што на малите деца им се остава простор за надминување на проблемот, преминување од една во друга развојна состојба со цел опоравување.
Во оваа фаза на развој од 0-7 години, ние инвестираме во детето преку превенција и не чекаме детето да добие дијагноза за да ги користи социјалните услуги.
Во рамките на проектот, семејствата на децата ќе бидат опфатени со грижа од страна на локалната заедница, со оглед на тоа што поголем дел од нив од финансиски причини сега – засега не можат да ги користат овие услуги.
Овој проект е одлична можност за семејствата, пред сѐ децата, општината и за нашето Здружение да напредува и се усовршува според светски стандарди. Преку услугите се промовира одржливиот развој, зајакнување на интерперсоналните односи со околината и залагање за подобар квалитет на животот на децата во ризик и нивните семејства.
Со оглед на тоа што во последните неколку години порастот на децата со развојни потешкотии е драстично зголемен, сѐ уште се прават научни истражувања за откривање на причините.
Спроведувањето на раната интервенција ќе придонесе за значајно подобрување на нивната состојба и функционирање, со што ќе се олесни понатамошниот воспитно – образовен процес, односно се намалува потребата од образовни и лични асистенти, се подобрува социјалната инклузија на децата и како крајна цел се зголемува можноста за вработување.
Во овој случај, нагласуваме дека од особен интерес за нас и за Општина Куманово е градењето на современи, успешни, ефективни и квалитетни социјални услуги во локалната заедница кои ќе го промовираат и унапредат детскиот развој за подобра иднина на нашите поколенија.
Ние можеме да се пофалиме дека од страна на Општината ни се доделени 500.000 денари, од кои најголем дел ќе се искористат за набавка на стручна опрема која најмногу ќе ни користи нам, на едукаторите, во работата со дечињата, со кои континуирано работиме за нивна подобра иднина.
М-р Јелена Спасовска,
логопед, специјален едукатор и рехабилитатор во здружение за едукација, советување и стимулација на лица со посебни потреби “Детска светлина 2020”
+389 513 973
